Се собира „во ролна“: LG го пушти во продажба првиот целосно флексибилен телевизор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јужнокорејскиот технолошки гигант LG конечно го пушти во продажба првиот флексибилниот телевизор од јужнокорејската компанија „LG“. Станува збор за таканаречен „OLED R“ екран со дијагонала од 65 инчи.

Овој телевизор е целосно флексибилен и може буквално како ролна да се повлече целосно во своето куќиште кое наликува на комода.

За сега е во продажба во само седум продавници во Јужна Кореја, а „LG“ тврди дека станува збор за прв ваков уред, пренесе порталот „The Verge“.

Цената како што е очекувано е многу високи, 87.000 долари, односно околу 73.400 евра.