Nokia избрана да ја гради првата мобилна мрежа на Месечината


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Финската компанија Nokia беше избрана од НАСА за изградба на првата мобилна мрежа за американската вселенска агенција на Месечината, соопшти денеска компанијата.

Мрежата на Месечината ќе биде дел од напорите на американската вселенска агенција да ги врати луѓето на Месечината до 2024 година и таму да изградат долгорочни населби врз основа на програмата Артемис, објави Ројтерс.

Nokia објави дека првиот безжичен широкопојасен систем за комуникација во вселената ќе биде изграден на Месечината на крајот на 2022 година, пред луѓето да заминат таму.

Мрежата ќе обезбеди комуникација за многу различни апликации за податоци, вклучително витални функции за команда и контрола, далечински управувач на лунарните ровери, навигација во реално време и пренос на видео со висока резолуција, соопшти Nokia.