Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со почетокот на КОВИД-19 панедмијата во светот и кај нас, д-р Ненад Лазаров на социјалните мрежи се наметна со совети до широката јавност и македонската популација, со кратки статуси укажувајќи од потребата за почитување на мерките, бидејќи уште од почетокот на оваа пандемиска криза, многумина се потсмеваа, или не веруваа во корона вирусот.
Со тоа стекна голема популарност и поддршка кај голем дел од македонската јавност. Но, не кај сите, очигледно. Последно време нешто се „срчкаа“ со водителката Миа Костова, препукувајќи се преку статуси на социјалните платформи.
На оваа нејзина објава, Лазаров возврати со друг, веројатно последен статус од него на оваа „тема“.
„Специјализација по гинекологија почнав во 2014 година, приватна, една година од кога завршив турнуси не полагам специјалистички бидејќи должев скоро 8000 евра на факултетот, плус 1000 за испитот, не ми е татко ми ни директор ниту професор.
Се згрбавив од работа 6 години по 14 часа, секој ден прва смена на ГАК па смена кај мене во ординација, 24 часа дежурства (повеќе од 200), операции куп, породени трудници, едукации вон курикулум, АСМЛ ја градевме од 0… Петар растеше паралелно.
И еве, денес имам голема ординација, собрав мање више пари да ја платам специјализацијата и ќе полагам наскоро, само опуштено.
За медицина и моја компетенција во медицина со уличарки нема да се објаснувам ни збор повеќе. Ниту за било што друго.“