Еве какво време носи оваа октомвриска среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првата октомвриска среда во Македонија носи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд особено попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а дневната од 17 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд попладне и во вечерните часови. Ќе дува умерен јужен ветер. Утринската температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 23 степени. Маврово 17, Охрид 20, Битола 23, Крива Паланка и Берово 21, Кавадарци 26, Дојран 28.

Во четврток ќе има локален дожд, претежно во западните делови, а ќе дува засилен северозападен ветер, кој ќе услови значително опаѓање на дневните температури. Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен благ пораст.