Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Јапонецот Такахиро Шираиши, кој беше уапсен во 2017 година кога во неговиот стан беа најдени делови од човечки тела кои биле негови жртви, познат како „убиецот од Твитер“, се изјасни за виновен за убиството на девет лица кои ги сретнал преку Твитер.
Тој вчера пред судот во Токио рече дека сè што е во обвинениерто е вистина, пренесува Би-Би-Си.Но, неговите адвокати тврдат дека обвиненијата треба да бидат намалени бидејќи неговите жртви очигледно се согласиле тој да ги убие.
Доколку биде осуден за убиство, на Шираиши му се заканува смртна казна, која што во Јапонија се спроведува со бесење.
Случајот предизвика јавен интерес, а повеќе од 600 лица се пријавиле за само 13 места во јавната галерија од каде се гледало рочиштето.
Обвинителството тврди дека обвинетиот во март 2017 година отворил профил на Твитер за да контактира со жени кои сакаат да извршат самоубиство. Тие беа лесни цели за него. Осум од неговите девет жртви биле жени, а едната имала само 15 години.
Единствениот човек кој го убил бил 20-годишник , а Шираиши го убил затоа што ја барал својата девојка, па го нашол убиецот, пренесоа јапонските медиуми.
Се верува дека 29-годишниот убиец ги намамил своите жртви велејќи им дека може да им помогне да умрат, а во некои случаи тврдел дека потоа ќе се самоубие.
„Сакам да им помогнам на луѓето кои страдаат. Испратете ми порака во кое било време ’, било напишано на неговиот Твитер.
Неговите убиства излегоа на виделина кога полицијата трагала по млада жена која исчезнала, а подоцна се покажало дека е една од неговите жртви. Потоа полицијата пронашла распарчени делови од телата на неговите жртви во станот на Шираиши во јапонскиот град Зама.
Неговите адвокати тврдат дека жртвите се согласиле на убиството и сметаат дека поради тоа, обвинението треба да се намали и сè да се третира како „убиство со согласност“. Тоа за него би значело помала затворска казна: од шест месеци до седум години.
Но, Шираиши, наводно, не се согласува со неговите адвокати и признава дека убивал без согласност на жртвите.
– На нивните тела беа пронајдени модринки. Тоа значи дека тие не се согласиле на сè, и јас им направив такви повреди за да не одолеат, рече тој.
Овој случај ја шокира Јапонија, а кога се дозна во 2017 година, започна голема дебата за местото на интернет каде се дискутира за самоубиства. Во тоа време, јапонската влада исто така објави усвојување на нови регулативи во врска со тоа.
Случајот доведе и до промена на Твитер, кој што ги смени своите правила, така што корисниците на Твитер оттогаш мораа да се изјаснат при регистрацијата дека нема да поттикнуваат самоубиство или самоповредување.
Патем, Јапонија долго време се бореше со една од највисоките стапки на самоубиства во светот, иако бројките паднаа откако се воведени некои мерки на претпазливост пред повеќе од 10 години.