Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Jeep Wrangler е докажано моќно и стабилно теренско возило кое импресионира со своите перформанси. Но, тоа важи кога зад управувачот седи искусен возач, а не некој кој се фатил за воланот за да се чалами каде што не може и не знае.
Еден таков неодамна со Jeер се качил на врвот на една планина во Калифорнија. Но, тој не застанал тука, туку ја испробал патеката за планински велосипеди и тркачи за патеки. Било премногу тесно и по дваесетина метри тој морал да застане. За среќа во несреќата, возачот и неговиот џип не се превртеле на едната страна и не паднале во бездната.
View this post on Instagram
Џипот бил оставен, а потоа спасувачите пристигнале неколку дена подоцна. Акцијата воопшто не била безопасна и на моменти не изгледала ветувачки. Сепак, џипот на крајот бил спасен и никој не е повреден во акцијата.
View this post on Instagram
View this post on Instagram