Драма во струмичката болница: Роднини насилно влегле и го зеле мртвото тело на член од семејството сосе кревет


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вистинска драма како во некој филм се случувала во струмичката болница. Десетици членови на едно семејство насилно влегле на Клиниката за инфективни болести во Струмица и го однеле сосе кревет мртвото тело на нивниот 49-годишен роднина. Тој починал неколку минути по приемот. Директорот на болницата објасни како дошло до инцидентот.

„Сè се случи како во хорор филм. Пациентот бил хронично болен и бил примен во амбулантата во тешка состојба. Имаше тешкотии со дишењето, висок крвен притисок, дијабетес. Му била дадена терапија во присуство на неговата сопруга и ќерка. Неколку минути подоцна, лицето почина. Не помина многу време дојде толпа луѓе и насилно влегоа во болницата, го зедоа мртвото тело со кршење на сите протоколи и го ставија во комбе. Во исто време му се закануваа на медицинскиот персонал.“

Од Министерството за здравство соопштиле дека починатиот не бил тестиран за Ковид-19 бидејќи сè се случило за само 20-тина минути. Струмица во последно време се претвори во ново жариште на вирусот. Во моментов во оваа општина се активни 108 случаи. Во меѓувреме, денеска беше регистрирана најмладата жртва од почетокот на пандемијата. Станува збор за 23-годишник од Свети Николе, кој првично се лекувал на Инфективното одделение во Велес, но подоцна неговата состојба се влошила, па бил пренесен во Скопје, каде и починал.