Обвинителство ги „чешла“ финансирањата на предизборните партиски кампањи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Обвинителството истражува дали се злоупотребени парите на граѓаните кои ги добиваат партиите од буџетот за финансирање на кампањата. Сомнежот на обвинителството е зошто партиите трошеле пари за претставување на интернет портали кои се слабо посетени без импресум, без адреса на седиште и без објавување на ценовник за рекламирање. Ќе прибираат документација и од други институции како ДИК и АВМУ, за да се утврди дали имало ненаменско трошење на буџетски средства, пренесува Телма.

Министерството за внатрешни работи до основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција достави известување според кое постои сомневање дека политичките партии за време на предизборниот период платиле политичко рекламирање на интернет портали што биле непосредно отворени и со мала посетеност. Во текот на утрово во координација со обвинителството, мвр спроведе акција при што е одземена документација од три фирми кои ги основале предметните портали, а ќе се прибираат и докази од други релевантни институции.

Кои се трите фирми преку кои се распределувале парите на порталите и кои се партиите, од обвинителството официјално не откриваат.

Претходно ова прашање го отворија и дел од медиумите и ги анлизираа извештаите за финансирање објавени на дзр. Иницијативата за конгрес на вмро-дпмне пак преку соопштенија посочија 8 портали на кои наводно се слеале 10-тици илјади евра за медиумско претставување на вмро-дпмне и побараа институциите да проверат дали има злоупотреба на буџетски средства во изборна кампања.

Четири од посочените портали во јавноста демантираат дека правеле злоупотреба со рекламирањето. Велат дека конкретната нарачка за предизборно политичко рекламирање била направена од страна на агенцијата глобал нет.

При тоа нарачаната сума беше и се реализираше во износ од 400 евра по сајт, што е далеку пониска од сумите кои се споменуваат во медиумите. Доколку е потребно спремни сме фактурите да ги дадеме на увид на јавноста. Би сакале да ги демантираме и написите дека нашите портали се формирани непосредно пред изборите. Станува збор за професионални тематски сајтови со долгогодишно искуство формирани уште во далечната 2011, со уредно транспарентно објавени ценовници импресум и контакт.