Промена во продажните цени на горивата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 2,93%, односно за 1 и 1,5 денар.

Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалуваат за 1,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 60,50 ден/лит.

Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит, па Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 49,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,407 ден/кг и ќе изнесува 24,549 ден/кг.