Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Регулаторната комисија за енергетика смета дека протестот на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржа вчера против поскапување на струјата е директен притисок врз нејзината работа.
Регулаторната комисија за енергетика ги информирала Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, како и дел од меѓународните дипломатските претставници во земјава во врска со последните случувања во земјава по одлуката за поскапување на струјата.
„Како претседател на Регулаторната комисија за енергетика сакам да ве уверам дека Регулаторната комисија за енергетика е секогаш спремна за дијалог со сите заинтересирани страни, но секогаш ќе биде независна во своето одлучување и никогаш нема да потклекне под различни притисоци и влијанија“, вели Марко Бислимоски, претседателот на РКЕ во официјално писмо кое е доставено до Секретаријатот на Енергетската заедница во Виена, Делегација на Европската Унија во Северна Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави.
Бислимоски вели дека одлуката е донесена врз основа на Законот за енергетика и соодветните подзаконски акти во коишто се инкорпорирани начелата на законодавството на Европската Унија и европските стандарди, со анализирање на податоците за финансиското работење на вршителите на енергетските дејности.
Истовремено, додава тој, со донесената одлука се обезбедува непречено функционирање на електроенергетскиот систем – сигурност, стабилност и доверливост во испораката на електрична енергија, што е од особено значење токму во пресрет на зимскиот период.
„Со донесената одлука се изврши значајно намалување на барањата на вршителите на енергетските дејности за покачување на цените на нивните услуги, односно не им се признати сите пријавени трошоци, освен оние за коишто Регулаторната комисија за енергетика смета дека се оправдани“, Бислимоски.