Битиќи: Четвртиот сет мерки ќе биде дефиниран до крајот на следната недела


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Каков ќе биде четвртиот пакет на мерки наменет за полесно пребродување на економските последици од корона-кризата од страна на граѓаните и фирмите ќе се знае кон крајот на следната недела.

Ова го кажа вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, кој додаде дека станува збор за голем пакет со кој ќе се помогне и на секторите во кои претходно Владата немала дадено помош. Мерките, според вицепремиерот, се тесно поврзани со ребалансот.

На забелешката дека Владата досега најмалку од другите земји во регионот им помогнала на фирмите, Битиќи рече дека на состанок со Сојузот на стопански комори било утвдено дека заеднички ќе се креираат мерки за напредок во стопанството.

-Имаме податоци колку пари се слеани кај граѓаните и стопанството, тоа е приближно 240 милиони евра. Можам да најавам дека за 15 дена ќе почне бескаматна кредитна линија преку Развојната банка, финансиран од ЕУ, од 31 милиони евра. Кога ги носевме пакетите не кажавме во јули дека 500 милиони евра ќе стигнат кај граѓаните туку пакетот на мерки ќе поддржи борба против коронавирусот, вели Битиќи.

Битиќи кажа дека ќе има ревидирање на среднорочните стратегии и можни се нови задолжуавња на државата. Рече дека Владата нема да престане да наоѓа фондови кои ќе го подобруваат животот на граѓаните, но оти нема да бараат нешто за што било навика претходните години.