Атиџе моли за помош: Луѓе помогнете ми, се плашам за својот живот


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ве молам помогнете ми некако, многу сум ислашена и вака веќе не можам да живеам, моли хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова, преку медиумите.

Полицијата не сака да ми помогне, ве молам помогнете ми некако. Многу сум уплашена и вака повеќе не можам да живеам, изјавила низ солзи Атиџе Муратова, во телефонскиот разговор за порталот ММС.

„Досега ми направил многу штета, но сега решив јавно да проговорам бидејќи ми е страв од него. Колку е постар толку е поневозможно да се комуницира со него. Ми го бутна ѕидот каде што ја чувам кравата, за да ми избега. Го прашав зошто го правиш ова. А тој скокна кон мене да ми вика, јас многу се исплашив. Еден ден ќе ме убие и никому ништо“, вели Атиџе која додава дека се јавила и во полицијата во Свети Николе.

„Ми рекоа во полицијата дојди тука, а како да одам. Се запрашале ли дали имам пари да отидам од Бекирлија до таму. И згора на тоа полицајката ми рече „вие сте Турци, како брат и сестра, ќе се смирите. Ако така ми вика, како јас да објаснам дека ми е страв од него, дека не е прв пат. Сум го пријавувала досега многу пати но, полицијата ќе дојде, ќе го опомене и толку. Не се живее веќе вака во страв. Апелирам за помош. Луѓе ми викаат, остави го не е со сите. Е, па ајде и јас да извадам документ дека не сум со сите и да ги малтретирам лугето. Од ден на ден се полош и полош“, вели Муратова.