Сиљан Мицевски сведочеше во „Талир“: На Груевски му дадов 10.000 евра на рака


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Битолскиот бизнисмен Сиљан Мицевски, денеска сведочеше во случајот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, преку фалсификувани уплатници.

Во судницата Мицевски откри дека му дал десет илјади евра на рака на поранешниот претседател на партијата Никола Груевски. Тој додаде дека, не по негова волја, финансирал и спортски клубови..

„По наредба на премиерот Груевски или Генералниот секретар на владата се случувало да ми кажат: ‘земете го тој и тој подизведувач’. Ми кажаа, на пример, да го вклучам ‘Трансмет’ за ископ во Битола“, рекол Мицевски во судот, дополнувајќи:

„Лично сум однел 10.000 евра кај Груевски. Одамна беше тоа. За ВМРО-ДПМНЕ и индиректно сме донирале, за избори. Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата”.

Според него, овие барања доаѓале еднаш од Влатко Чинговски, кој бил директор на ЕЛЕМ, вторпат од Кирил Божиновски, но имало и други што доаѓале, но не ги познавал сите.