Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Kовид-19.
Во Скопје-17, Куманово-6, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-3, Велес-2, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-5, Гевгелија-3, Струмица-2, Крива Паланка-1, Кочани-3, Македонски Брод-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-13, Свети Николе-4, Кичево-5 и еден во Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 86 оздравени пациенти од Скопје-24, Куманово-31, Штип-8, Тетово-3, Гостивар-8, Пробиштип-1, Берово-6, Виница-2 и тројца од Делчево.
Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (41) и пациент од Дебар (63) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35) почината вон болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15.090, бројката на оздравени пациенти е 12.235, на починати е 617, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.238.