Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Полицијата не може да ги најде советникот на ДУИ во Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат, на кои судот вчера им одреди мерка осумдневен притвор. Засега, МВР во делот на потраги на нивната веб-страница нема податок за распишана домашна или меѓународна потерница, пренесува 360 Степени.
Браќата Усеини, се товарат за напад врз нивниот сограѓанин Спире Топалоски, што се случил завчера пред познат хотел во Охрид. Според зборовите на Топалоски, Нефи го тепал и замавнувал со пиштол пред очите на малолетниот син на Топалоски.
Полицијата, вчера поднесе кривични пријави против нив кои се сомничат дека ги сториле кривичните дела „насилство“ и „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“.
Полицијата по наредба на Јавен обвинител извршила и претрес во домовите на двајцата осомничени, како и оти се спроведуваат мерки за нивно пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.