Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мани Хосбин, познат по својата богата колекција на хиперспортски автомобили, реши малку да си „поигра“ со конфигураторот за најновиот автомобил на Koenigsegg. Моделот Jesko е со почетна цена од нешто помалку од три милиони долари, но има и опции за финеси и додатоци кои дополнително ја креваат ионака вртоглавата цена.
Мани си играше во персонализацијата на најбрзиот Koenigsegg во историјата, уште на самиот старт, а драстичното покачување на цените резултира во изборот на каросериај, каде што јаглеродот е целосно видлив. Тој додаток, или недостаток на боја, чини неверојатни 443.400 долари, што е цената за која можете да се купи нов Lamborghini Aventador S.
Мани продолжи да си игра со бои, а потоа се префрли во можностите за персонализирање на другите делови како што се тркалата, но и ентериерот. Цената се искачи на над 3,4 милиони американски долари, а потоа изборот падна на Abosolut, со што се собра конечната сума на 4.081.050 долари. На пример, Bugatti Chiron Super Sport 300+ чини помалку или „само“ 3,8 милиони долари. Доколку ве интересира како богатите купуваат на Интернет, но и колку чинат дополнителните измени на шведскиот автомобил, погледнете го видеото.
Но, Мани не гледа на секој долар. Тој може да си го дозволи тоа. Во својата колекциј има Bugatti, McLaren P1 и Senna, но и пет примероци на Mercedes SLR. Неколку автомобили во моментот чекаат за испорака, вклучувајќи ги и McLaren Speedtail, Ford GT, Mercedes-AMG One и Koenigsegg Gemera.