Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овој августовски петок во Македонија времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 26 до 36 Целзиусови степени.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 34 степени. Маврово 26, Охрид, Крива Паланка и Берово 30,Битола 32, Кавадарци 34, Дојран 36.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека за време на викендот се очекува времето да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд (над 10 л за 3 часа), засилен ветер и појава на град. Локален пороен дожд и грмежи во попладневните часови ќе има и од понеделник.