„Плукната“ на мама: Ќерката од Моника Белучи стана заштитно лице за Dolce & Gabbana


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Планетарно познатиот моден бренд Dolce & Gabbana има нова муза – тоа е 15-годишната Дева Касел, ќерка на италијанската актерка Моника Белучи и францускиот актер Винсент Касел, пред која очигледно претстои светла иднина во светот на модата.

Тинејџерката, која очигледно ја наследи безвременската убавина од нејзината убава мајка, деновиве снимаше кампања за новиот парфем „D&G“ Shine на бреговите на италијанското езеро Комо во провинцијата Ломбардија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel’s FAN account. (@deva_cassellucci) on

Секако, присуството на Дева предизвика голем интерес кај папараците и медиумите, а нејзината благосостојба и безбедност внимателно ги следеа грижливите родители – иако се разведоа во 2013 година, Моника и Винсент учествуваат подеднакво во воспитувањето на 15-годишната Дева и нејзината петгодишна сестра Леони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel’s FAN account. (@deva_cassellucci) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel’s FAN account. (@deva_cassellucci) on

Дева дефинитивно се обидува да ја заштити својата приватност во секое време и е многу внимателна со објавите на социјалните мрежи, но за жал, и таа неодамна се најде под оган од злонамерните интернет тролови кои почнаа да шират озборувања за тоа како таа се подложува на козметичка хирургија, т.е. ја обвинија дека ги зголемила усните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel’s FAN account. (@deva_cassellucci) on

– Ве молам, јас сè уште немам 16 години … Нормално е тинејџерите да поминат низ физички промени, особено на оваа возраст. Никогаш не размислував за каква било постапка и знам дека моите родители никогаш не би го дозволиле тоа. Човечкото тело се менува, затоа ве молам уште еднаш, размислете пред да започнете да ширите бесмислени, глупави и лажни вести за младите – им одговори Дева.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel’s FAN account. (@deva_cassellucci) on

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deva Cassel’s FAN account. (@deva_cassellucci) on