Украинските полициски сили во Минск користат ласерски пушки против демонстрантите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, пренесува ТАСС.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти. По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.

Властите на Белорусија објавија дека околу 2.000 незадоволни граѓани се уапсени за време на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повредени се 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина биле хоспитализирани.

Од друга страна, претходните два дена загинаа двајца демонстранти , едниот прегазен од полициско возило , а на другиот му експлодирала направа од домашно производство во рацете.