Сончева и жешка среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, а максималната од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени.