Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во јавноста сè поинтензивно кружи прашањето дали новата учебна година ќе се пролонгира откако Комисијата за заразни болести и Министерството за образование и наука не успеаја да изнајдат решение за тоа како и под кои протоколи ќе се одвива истата.
Како што дознаваме, најголем проблем претставува начинот на реализирање на онлајн часовите, кои според најавите би требало да траат по 20 минути. За ова да стапи на сила, треба да се направат законски измени, но од друга страна Собранието сѐ уште не е функционално. За да ги разјасниме овие дилеми контактиравме со МОН, но беа недостапни за коментар. И додека институциите молчат, на социјалните мрежи се појавија разни петиции. Една од нив бара учебната година да се реализира од далечина.
„Имајќи ја во предвид состојбата со Ковид-19 во државата и нејзиниот импакт во сите сфери на човековото живеење, како загрижени родители за здравјето на своите деца, семејството, просветниот кадар и воопшто јавното здравје, бараме учебната година да се реализира ОНЛАЈН – настава од далечина“, се вели во петицијата од родителите.
Но, против оваа петиција излезе друга група родители кои бараат децата да се вратат во школските клупи, запазувајќи ги мерките против Ковид-19. Изразуваат незадоволство и поради кратењето на часовите. Но, министерот за образование, Арбр Адеми, беше убеден дека учебната година ќе стартува на 1 септември.
Од Министерството за здравство известија дека Комисијата ги одредила заштитните мерки, но дека конечната одлука сепак останува во рацете на МОН. Инаку, сите анкети кои беа спроведени деновиве покажаа дека родителите, наставниците и директорите на училиштата се „за“ враќањето на децата на училиште, додека онлајн наставата ја оценија како неефикасна метода.