Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35 Целзиусови степени.
Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 32 степена. Маврово 24, Охрид и Берово 28, Битола 30, Крива Паланка 29, Кавадарци 33, Охрид 35.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време со услови за појава на изолирана нестабилност претежно во планинските предели.
За време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.