Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Работник кој работел во пристаништето во чија близина се случи стравичната и разорна експлозија во Бејрут, бил пронајден жив во морето по речиси 30 часа од несреќата.
Амин Ал-Захед бил примен во болница откако бил спасен од Средоземното Море. Фотографии од спасувањето биле објавени на профил на „Инстаграм“ кој бил создаден за да лоцира исчезнати жители во експлозијата.
Не биле објавени детали за состојбата на Амин и за начинот на кој успеал да преживее во водата толку долго по експлозијата, која уби најмалку 137 луѓе и повреди околу 5.000.
На фотографијата се гледа како тој лежи на палуба на спасувачки брод со крвави завои на главата и на други делови од телото. Фотографијата може да ја видите тука (содржината може да биде вознемирувачка).
Во меѓувреме беше спасено девојче кое било затрупано 24 часа, како и маж кој поминал 10 часа под урнатините на пристаништето.