Облачна и нестабилна среда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првата августовска среда во Македонија носи претежно облачно, посвежо и нестабилно време, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд и изолирана појава на град.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 23, а дневната од 22 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје претежно облачно, уште од претпладне со врнежи од дожд, повремено поројни и проследени со грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе спушти до 20, а дневната ќе достигне 28 Целзиусови степени. Маврово 20, Охрид, Берово и Крива Паланка 26, Битола 27, Кавадарци 30, Дојран 31.

И утре под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно, свежо и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења и изолирана појава на град. Од петок и понатаму ќе биде нестабилно, но со локална појава на пороен дожд и грмежи.