Мицкоски порача: ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на преговори за формирање Влада


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На денешната конститутивна седница на новиот македонски парламентарен состав, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, порача дека партијата се фокусира на преговори за формирање на ново парламентарно мнозинство и нова Влада, којашто ќе се бори против вистинските проблеми.

Тој вели дека изборите кои се одржаа на 15 јули, биле најнедемократските избори што се случиле во изминативе 30 години во земјава и обвини дека Владата предводена од СДСМ се позајмила една милијарда евра за други цели, а ги потрошила за поткуп пред избори, пренесува 360степени.

„Затоа ние ќе бидеме силно фокусирани на парламентарно мнозинство кое ќе поддржи Влада која вистински ќе се справува со предизвиците кои ги споменав, а не Влада која ќе фингира справување и од предизвиците да создава нови предизвици само да може одговорноста да ја префрли на друг“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ воделе преговори и ќе водат преговори исклучиво за Влада која ќе се бори против криминалот.

„Граѓаните на овие избори покажаа дека како никогаш досега довербата во политичките елити е на најниско ниво, затоа мора со дела вистински да се справиме со криминалот кое ззазема големи размени во нашето општество“, рече Мицкоски.

Најави дека во периодот што следи ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зачести средбите со политичките партии кои се дел од сегашниот парламентарен состав, но не само со оние од албанскиот блок, туку и со оние од коалицијата на СДСМ.

„За мене политиката не е пазар и тоа е погрешното што се случуваше во минатиот парламентарен состав, туку е филозофија, а за некој пратеник да поддржи одредена политичка опција, треба да има определна точка која ќе го поврзе со програмата што ја нуди таа политичка опција. Врз основа на разговорите и на луѓето во кои бескрајно верувам и се дел од пратеничката група ‘За обнова на Македонија’, не сметам дека постои некој што ќе ја поддржи програмата на Заев, која би била програма за работа на идна влада предводена од СДСМ“, рече Мицкоски.

Според него, сепак времето ќе покаже кој ќе го формира парламентарното мнозинство.

„На оние пратеници на кои им се пристапени мистериозни личности кои се повикуваат на раководството на СДСМ, пријдоа, кажаа и со згрозување ги одбија. И јас со згрозување одбивам да коменитрам ваков вид пазар зашто на тој начин само ги демотивираме и деморализираме нашите сограѓани за следните избори кои на една година од сега ќе бидат локални. Верувам во политичка мудрост, политичка програма и политичка филозифија, а не на пазар како што се случуваше во претходниот парламентарен состав“, рече Мицкоски.