И денес сончево и жешко време


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денешниот четврт августовски ден во Македонија претпладне носи сончево и топло, а кон крајот на денот ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринската темепература ќе се движи во интервалот од 16 до 22 степени, а дневната ќе достигне до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време со утринска темепратура од 17 спени, а максималната дневна ќе достигне 37 степени. Маврово 30, Охрид и Крива Паланка 33, Битола 34, Берово 32, Кавадарци 35, Дојран 36.

Од утре следува период на променливо облачно, посвежо и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, а се очекува локално да наврне и поголема количина на воден талог.