Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
За време на летот на холандската авиокомпанија КЛМ од Амстердам до Ибица избила тепачка откако двајца патници одбиле да стават заштитни маски.
Според Индипендент, на објавената видеоснимка се гледа дека во тепачката учествувале двајца британски туристи кои почнале да се караат откако боингот 737 полетал од Амстердам.
Компанијата КЛМ соопшти дека двајцата биле совладани со помош на останатите патници и дека, по слетувањето на аеродромот на Ибица, шпанската полиција ги уапсила.
View this post on Instagram
„Двајца несовесни патници одбија да носат заштитни маски и физички и вербално ги вознемируваа останатите патници“, кажа портпаролот на компанијата.
Тој додаде дека пилотот за инцидентот ги информирал локалните шпански власти и дека двајцата патници по слетувањето на авионот биле уапсени.
Истакна дека безбедноста на летот не била загрозена.
„Престанете, тука има деца“, ги предупредувале останатите патници. На социјалните мрежи, на кои е објавена снимката, пишува дека еден од патниците кои учествувале во тепачката е Англичанец кој пред инцидентот пиел вотка.
„Паника и насилна тепачка! Непослушниот англиски патник на летот на КЛМ за Ибица пиеше вотка“, напиша корисник на Инстаграм.
View this post on Instagram
Индипендент пишува дека на снимката се гледа дека уште неколку луѓе не носат заштитни маски.
Носењето маски е задолжително на сите летови на компанијата КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија, во согласност со рестриктивните мерки чија цел е сузбивање на ширењето на коронавирусот.