Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наjважната фигура во животот на децата се родителите, поради тоа, при развод, децата не можат да имаат главен или втор родител, тие еднакво ги гледаат и им се важни дваjцата родители. При развод понекогаш родителите не можат да jа видат детската перспектива во целиот тоj процес, преокупирани со своите проблеми забораваат на своите деца.
Неможејќи да се справат со состојбата децата може да развијат некои симптом, па тогаш родителите ќе се сетат дека заеднички треба да работат. Кога се во пубертет децата може да развијат некои форми на зависност, а кога се помали како последици може да се јават: ноќни кошмари, фобии од училиште, неуспех во училиште и сл.
Неопходно е дацата да се стават во прв план бидеќи родителите во својот гнев и лутина можат да им наштетат на своите деца што придонесува тие да се чувствуваат виновни за разделбата на родителите. Ваквите случувања оставаат трајни последици во животот на детето.
Родителите треба да дејствуваат и соработуваат како родители. После разводот мажот и жената престануваат да бидат партнери, но не престануваат да бидат родители. Децата треба да имаат сигурни и цврсти врски со двајцата родители. Процесот на развод може да има далекусежни последици не само врз детскиот развој, туку и во нивните идни одлуки како возрасни, во изборот на партнер како и односот кон своите деца. Децата најчесто се движат низ два екстрема: стремејќи се кон совршеност за да не задаваат дополнителни грижи сокривајќи ја и потиснувајќи ја својата болка и тага, па се до крајно провокативно и проблематично однесување.
Фросина Спасовска
студент на Институтот за семејни студии
Извадок од списанието #VOX