Home Шоубизнис Гејтс за Маск: „Кога веќе не знае што зборува, подобро да молчи“

Гејтс за Маск: „Кога веќе не знае што зборува, подобро да молчи“

Милијардерот Бил Гејтс изјави дека на социјалните мрежи лагите многу побрзо се шират од вистината, осврнувајќи се на објавите на социјалните мрежи кои ги пишува Илон Маск и неговото влијание врз широките народни маси.

Во интервјуто за CNBC, Гејтс се осврна и на постовите на технолошкиот могул Илон Маск.

Маск е познат по честото користење на Твитер, а поводот за изјавата на Гејтс е ставот на Маск за коронавирусот – тој, имено, често на оваа социјална мрежа го намалува значење на коронавирусот, а бидејќи има 37 милиони следачи, неговите постови често креваат многу прашина.

Маск, на пример, зборуваше за „непотребната и фашистичка“ одлука за да се воведе карантин во САД, и направи сѐ што можеше за неговите компании да работат и за време на пандемијата на коронавирусот.

Од друга страна, Бил Гејтс се вклучи во борбата против вирусот, и често се огласува со ангажирање на пронаоѓањето на вакцина за болеста ковид-19.

„Илон само сака да одржи што е можно поголем број контроверзни коментари. Меѓутоа, не е вклучен во целата приказна околу вакцината. Прави одлични електрични автомобили и ракети, и затоа му е дозволено да го зборува сето тоа. Се надевам дека никогаш нема да ги измеша нештата во кои е добар со оние за кои не знае ништо“, кажа Гејтс.

Што се однесува до лагите на социјалните мрежи, Гејтс смета дека се идеално тло за ширење погрешни информации и лаги.

„Кога на луѓето ќе им дозволите да комуницираат, мора да бидете спремни на тоа дека некои неточни нешта, кои звучат примамливо, ќе се шират побрзо од вистината. Така е и со вакцината“, кажа милијардерот филантроп.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Даница Андонов повторно со насмевка на лицето: Пет години по смртта на сопругот, поранешната манекенка е среќна

Како денес изгледа Даница Андонов Легендарниот рапер Далибор Андонов Гру трагично го загуб…