Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холандија е одамна докажана велосипедска земја во која премиерот вози велосипед до работа и каде здравствените придобивки од возењето велосипед се добро познати на мнозинството од населението. Кога станува збор за инфраструктурните решенија во оваа европска земја, лесно е да се разбере сериозниот пристап кон планирање на нови велосипедски патеки и квалитетни врски меѓу градовите и населбите.
Холандските рамнини се совршени за патување на две тркала, но Холанѓаните сепак внимателно ја дизајнираат својата транспортна инфраструктура. Земјата, која има повеќе од 35 илјади километри велосипедски патеки и една од најголемите подземни гаражи за велосипеди во светот, штотуку стана побогата за уште една велосипедска патека низ автопатот А4.
Новата рута од центарот на Хаг до нејзините јужни предградија и кон градот Делфт беше блокирана од автопатот А4, така што наместо бајпас долг 400 метри, над него е изградена прекрасна и практична велосипедска патека.
Автопатот А4, наречен Риксвег, се протега од Амстердам на југот на Холандија и ги поврзува градовите Хаг и Ротердам со белгиската граница во близина на Зандвлит, северно од Антверпен. Новата патека го скрати патувањето меѓу двата града, а покрај безбедноста, им нуди на велосипедистите прекрасен поглед и побрз пристап до остатокот од велосипедската патека, по што, се разбира, се засадени многу дрвја.
Благодарение на големиот број корисници на велосипеди во Холандија, се постигнува огромна придобивка од животната средина. Имено, холандскиот институт за анализа на транспортната политика докажа дека заменувањето на автомобил со велосипед заштедува во просек до 150 грама јаглерод диоксид на километар.