„Пристигна претседателот“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светската фудбалска ѕвезда и вистински шоумен со својот уникатен животен стил, Златан Ибрахимовиќ, ги изненади соиграчите и сите во клубот кога во тренинг центарот на Милан, Миланело слета со хеликоптер.

Популарниот Ибра во Миланело долетал од Монако каде имал средба со менаџерот Мино Раиола околу својата иднина во миланскиот клуб.

Легендарниот Швеѓанец на својот Инстаграм објави видео од слетувањето под кое напиша: „Претседателот доаѓа“.

Договорот меѓу Милан и Ибрахимовиќ завршува на крајот на сезонава и досега беше извесно дека славниот напаѓач ќе си замине од клубот. Причина за тоа е што Милан потврди дека ја продолжува соработката со тренерот Стефано Пиоли.

Според италијанските медиуми, Милан за нов договор на Ибрахимовиќ му нуди годишна плата од 4 милиони евра,а шведскиот ас бара 6 милиони.