Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
23-годишната студентка Артина Ќазими влегува во македонскиот собраниски состав од редовите на коалицијата Алијанса-Алтернатива и ќе биде најмладата пратеничка во новата пратеничка структура. Таа беше на листа во шестата изборна единица.
Оваа дваесет и тригодишна девојка од гостиварски Добри Дол, во изјава за ТВ 21, нагласува дека за разлика од нејзините врснички кои сакале мода, спорт или музика, таа се интересирала за вести и за политика.
Нејзина цел во парламентот ќе биде борбата против егзодусот на младите од државата преку обезбедување достојна егзистенција и иднина.
„Јас иако сум млада, имам 23 години, моја најголема грижа е тоа што младите од нашата земја, повеќето дипломирани, заминуваат во западните земји. Јас со моите способности и помош од институциите ќе се обидам да го запрам иселувањето и секој млад човек да се вработи во татковината и на соодветно место“,
вели Ќазими.
За разлика од неа, најстари пратеници во Собранието се 72-годишните Илија Николовски од коалицијата на СДСМ и Стојанче Миланов од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.