Златото урива рекорди: Нова рекордна цена на благородниот метал


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неизвесноста на финансиските пазари предизвика скок на цената на златото за 130 долари минатата недела.

Рано утрово достигна 1.980 долари за унца, ново највисоко ниво во историјата, но подоцна се спушти на 1.947 долари.

Цените на златото растат поради досега невидени монетарни стимулативни мерки од страна на централните банки ширум светот за да се повлече глобалната економија од рецесија.

Но, масовното печатење на пари би можело да ја разбуди инфлацијата, од што најмногу се плашат инвеститорите.