Рокот истекува на 4. август – кој ќе формира Влада, СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во соопштение до медиумите кое го упатија утринава, од СДСМ порачуваат дека „следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните“.

„Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство. Со победа на СДСМ и коалицијата, граѓаните недвосмислено потврдија дека сакаат државата да продолжи напред“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Ветувањата за помалку министерства (не) остварливи
По СДСМ, со соопштение реагираше ВМРО-ДПМНЕ, во кое се вели дека со СДСМ не може да има подобар живот во државата.

„Ветуваа живот за сите граѓани, а живот дојде само за лицата блиски до СДСМ. Нема просечна плата од петстотини евра, нема нов Клинички центар, нема 600 километри нов автопат, нема студентски градови, нема просечен раст на економијата од 5% годишно како што ветуваа пред да дојдат на власт“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На предвремените парламентарни избори, коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, освои 46 пратенички места, ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата „Обнова на Македонија“ добија 44, ДУИ 15, Алијанса за Албанците – Алтернатива 12, Левица 2 и ДПА 1 пратеник.

Ниедна од партиите до сега не објави подетални информации за преговори околу парламентарно мнозинство, врз основа на што се добива мандатот за формирање Влада.