Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Извршителите утре почнуваат со работа. Ќе се ивршува од сите граѓани и фирми кои биле блокирани пред 1 април. Но ќе почнат и новите блокади, за речиси 33.000 предмети кои до сега стигнале за извршување.
Од Министерството за правда велат дека немаат можност да ја продолжат Уредбата со која речиси 4 месеци се „замрзна“ извршувањето, бидејќи повеќе не сме во вонредна состојба. А иако имаа законска можност да побараат стопирање, ниту банките ниту компаниите кои нудат режиски услуги за граѓаните, до сега не го направиле тоа.
Одложување на извршувањата не планираат ниту од скопски Водовод. Велат дека немаат законска можност за тоа, а со одложување само ќе се зголемеле трошоците, кои пак ќе паднат на товар на должникот. Имаат акција за плаќање на долговите на рати без камата до крајот на месецов, а од септември ќе побараат извршувања и за тие граѓани на кои во меѓувреме им се натрупале сметките.
Од БЕГ велат – ќе работеле по закон, и нема да побараат одложување на извршувањата. Од Евн пак не одговорија.
Но од Комората на извршители се децидни дека никој од нив не побарал одложување на извршувањата. А тоа можеле да го направат сите доверители, со барања за секој предмет посебно. Па така од утре ќе се извршува од сите блокирани сметки на граѓаните и фирмите пред 1 април, а ќе се блокираат и нови. Ќе бидат активни и задршките на третина или четвртина од плата или пензија, ставени со забраните кај работодавците и Фондот за ПИОМ. А ќе продолжат и продажбите на запленетите недвижности.