Макрон порача: 750-те милијарди евра долг нема да ги платат граѓаните, туку големите компании


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според францускиот претседател Емануел Макрон, договорот за планот за стимулација е „најважниот момент од создавање на еврото“ за Европската унија. Тој ова го изјави по завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел.

Договорот за распределба на 750 милијарди евра е резултат на „тригодишна работа на Франција и Германија“, изјави тој за приватниот телевизиски канал ТФ1.

„Сакам нашите граѓани да ја ценат важноста на она што се случи во овие четири дена и четири ноќи“, рече Макрон.

„Се боревме (…) Ова е најважниот момент во животот на нашата Европа од создавањето на еврото“ на 1 јануари 1999 година, оцени тој.

На прашањето дали планот ќе биде финансиран од „европскиот данок“, претседателот Макрон одговорил:

„Точно, француските даночни обврзници нема да го платат тој долг, туку големите меѓународни компании и некои европски, кои денеска доволно не го прават тоа, но постепено ќе го плаќаат тој долг, преку европскиот даночен систем што ќе го градиме “,истакнал францускиот претседател.