Шарлиз Терон апелира: „Не биди шупак, носи ја проклетата маска“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славната холивудска актерка и оскаровка, Шарлиз Терон, во неколку наврати јавно апелираше дека мерките за превенција против вирусот ковид-19, како што се носење заштитна маска и држењето социјална дистанца, се од најголема важност во обидот за борба против инфекцијата.

Шарлиз и со една од новообјавените фотографии на социјалните мрежи, на која носи маска, испрати кратка, но јасна порака:

„Не биди шупак, носи ја проклетата маска“.

Нејзиниот пост за кратко време доби над 700.000 лајкови, а повеќето нејзини следбеници на Инстаграм се согласија со нејзините зборови.

Пред неа повеќе славни личности порачаа да се носат маски, меѓу кои и Џенифер Анистон, Метју Меконахи, Риз Витерспун…