Виц: Македонец ќе скокал со падобран


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонец требало да скока со падобран пред комисија, ама многу се плашел. Македонец, како Македонец, решил да направи далавера, да мами на испитот. Се договорил со пилотот, да фрли одозгора едно плашило со падобран. Плашилото да падне точно во едни грмушки во кои се криел нашиот. Потоа нашиот да излезе од грмушките и да се прави дека тој скокал со падобранот.
Доаѓа денот на испитот, пилотот го фрла плашилото од авионот, но… падобранот не се отвора. Плашилото треска во грмушките од страшна висина. Комисијата е во паника. По кратко време од грмушките излегува Македонецот, си ја тресе правта од алиштата и вели:
– Еј, што правите бе, ќе изгинеме со тие кинески падобрани!