Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Disney Plus го објави трејлерот и постерот за видео-албумот во најава на Бијонсе насловен „Black Is King“, кој стигнува после ангажманот на пејачката во анимираниот филм „The Lion King“.
„Black Is King“, всушност, е филм или визуелен албум кој е инспириран од „The Lion King“, а базиран на музиката од анимираната класика. Истиот премиерата ќе ја има на 31 јули оваа година, на популарниот сервис Disney+.
Според најавите, „Black Is King“ ги преиспитува лекциите од блокбастерот од 2019 година за денешните млади кралеви и кралици во потрага по нивните сопствени круни. Албумот ќе оддаде почест на Афроамериканците и нивните животни искуства.
Една од најуспешните и највлијателни пејачки на денешницата ја презеде улогата на авторка, режисерка и извршна продуцентка на новиот албум, а на него можеме да очекуваме појавување и на нејзиниот сопруг Џеј Зи и ќеркичката Блу Ајви.
Новиот трејлер ги открива и некои од специјалните гости на албумот како Наоми Кемпбел, Лупита Нјонг’О, Кели Роуленд, Фарел Вилијамс, Кендрик Ламар и Чајлдиш Гамбино.