Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако имаше лавина од реакции и поплаки од страна на корисниците на „Виндоус 10“, од „Мајкрософт“ велат дека има нов проблем со оперативниот систем.
Компанијата потврдила дека најновата верзија на „Виндоус 10“ може да ги исклучи корисниците од интернетот, дури и доколку нивната конекција е добра. Дополнително, проблемот бил забележан од сè поголем број корисници во последните месеци.
Корисниците што се погодени добиваат стандардна порака со жолт триаголник дека немаат пристап до интернет во долниот десен агол, но бидејќи предупредувањето е лажно, интернет-прелистувачот сепак работи.
Лошата вест е дека многу апликации на компјутерот се поврзани со статусот на оперативниот систем, па затоа нема да се обидат да се поврзат на интернет доколку се појави овој знак. Затоа корисниците може да имаат проблем со користењето на одредени апликации.
Од компанијата изјавиле дека се свесни за проблемот и во моментов прават анализа, но сè уште не е најдено решение.
Во меѓувреме, некои корисници го решиле проблемот на следниот начин. Напишете „Registry Editor“ во пребарувачот на оперативниот систем, а кога ќе го отворите, пронајдете го следниот дел „HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\CurrentControlSet\Services\NlaSvc\Parameters\Internet“. Сменете ја вредноста на „EnableActiveProbing“ од 0 на 1. Притиснете „ОK“ и затворете го прозорецот. Рестартирајте го компјутерот.