Просечната нето-плата во мај 2020 во Македонија изнесувала


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Просечната нето-плата во мај 2020 година, или во сред КОВИД-19 кризата, е за 1.120 денари повисока во однос на истиот месец лани и изнесувала 26.390 денари. Просечната исплатена нето-плата е повисока и за 560 денари во однос на април 2020, соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска.

Од почетокот на КОВИД-19 кризата Владата презема повеќе мерки за зачувување на работните места и одржување на нивото на платите.

Конкретно, во мај:

– Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, со 1,7 милијарди денари поддржани се 19.956 работодавачи во кои работат 118.069 вработени

– Со мерката финансиска поддршка од 14.500 денари со 86,8 милиони денари поддржани се 5.985 самостојни вршители на дејност

– Со мерката субвенционирање на придонеси во време на вонредна состојба во мај се поддржани 2.463 фирми

Мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен за исплата на плата, продолжи и во јуни, односно за трите месеци се исплатени над 76 милиони евра на фирми и самостојни вршители на дејност, додава таа.