Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Автомобилскиот гигант Мерцедес посветено и напорно работи на производството на верзија од електричниот концепт „Vision EQS“.
После електричниот „SUV“, моделот „EQC“, германскиот произведувач ќе претстави уште еден електричен модел- луксузната лимузна „EQS“.
Кога концептот е претставен на минатогодишниот саем за автомобили во Франкфурд, германскиот произведувач се пофали дека автомобилот може да помина и преку 700 километри со полна батерија.
Директорот на Даимлер, Ола Каленијус, потврди на неодамна одржаниот состанок на акционерите од таа компанија дека и продукциската верзија од „EQS“ исто така ќе има автономија од 700 километри.
Според неговите збороци, ваквиот резултата ќе биде остварен благодарение на погонските батерии кои Даимер ги прозиведува во својата фабрика во Штутгарт.
Меѓутоа, Каленијус не го открива мерниот стандард кој е користен за проценка на автонимијата во возење, а потсетуваме дека неодамна е соопштено дека Тесла „Model S Long Range Plus“ стана првиот сериски електрчен автомобил во САД кој има автономија од преку 400 милји, поточно 402 милји или 647 километри.
Овој резултат е довиен врз основа на стандардот на американската агенција „EPA“, додека според „WLTP“ мерниот стандард кој се применува во Европа, „Model S“ кој моментално се продава на Стариот континент има максимална автономија од 610 километри.