Градежништво на иднината – прва куќа во Европа целосно изградена со 3D печатач


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Судејќи според енормно брзиот технолошки развој во денешно време, блиската иднина на градежништвото лесно може да донесе коренити измени во овој сектор и истиот повеќе да не зависи од тоа дали на пазарот има доволно квалификувани работници или не, затоа што ѕидарите во иднина би можеле да бидат заменети од 3D печатачи.

Како тоа би изгледало, покажаа од белгиската компанија за градежништво „Kamp C“, која е сопственик на најголемиот 3D печатачот во Европа.

Печатачот, користејќи посебна смеса од бетон, успеал да направи куќа со два ката за релативно краток период.

До сега со помош на 3D принтери биле градени објекти на приземје во склоп на различни проекти ширум светот, но ова е прв пат со помош на 3Д принтер да се направи куќа со два ката.

-Материјалот е три пат помоќен од оној кој се користи во конвенционалното градење на куќи, а намалена е и количината на армирано железо која вообичаено се користи. Со 3D печатачот, се проценува дека сме заштедиле 60% на материја, време и вкупниот буџет, вели раководителката на проектот Маријке Аертс.

Станува збор за европскиот проект „C3PO“ кој е финансиран од Европскиот фонд за регионален развој.

3D печатењето нема толку брзо да стане норма во градежништвото. Овој пример е направен за да се покаже дека се е можно да се направи и што се може да биде направено во иднина.