Зибери: Преговарачките тимови ќе одлучат дали јас ќе бидам нов премиер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Кандидатот за прв премиер Албанец на Македонија предложен од страна на ДУИ, Насер Зибери, во разговор за „Слободна ТВ“ рече дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не отстапува од идејата тој да биде мандатар за составување на Влада, но и дека е подготвен на компромис.

– Според информациите кои ги имам, Али Ахмети останува на идејата ја с да бидам идниот мандатар и нема отстапување од таа идеја до сега, но се разбира – не се затвораат сите врати. Впрочем, продуктот на создавање парламентарно мнозинство е резултат на преговори и тие преговори ќе ги дадат идните резултати. Но, аргументите негови одат во насока за јас да бидам идниот мандатар. Претседателот на државата е Македонец, претседателот на Собранието може да биде Македонец, а ние сакаме да ги срушиме сите бариери во врвот на државното владеење, рече Зибери во својот одговор на прашањето дали ќе биде иден премиер.

Поранешниот двократен пратеник во македонското Собрание и министер за труд и социјална политика рече дека во моментов „Али Ахмети не е на домор како некои други“ и дека постојано одржува контакти со сите кои би можеле да состават влада.

– Ние мораме што побрзо да ги конституираме органите на власта. Долго време немаме Собрание, имаме светска епидемија и економски последици. Треба да се најде една заедничка платформа околу која ќе се свика парламентарна седница. Да се избере претседател на Собрание и претседателот на државата да се увери дека политичките субјекти имаат обезбедено мнозинство, за тој да го определи мандатарот за формирање на Влада, рече Зибери.