ДИК ги отфрли сите приговори за предвремените парламентарни избори


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По само час и половина расправа, ДИК експресно ги одби сите 2.142 приговори поднесени од партиите до ДИК.

Како неосновани, без печат и потпис од подносителот на листата, веднаш беа отфрлени 1478 приговори поднесени од „Левица“, додека за останаите 504 потенцираа дека не се поткрепени со докази и текстот во образложението е ист за сите овие приговори. За приговорите на АА и на Алтернативата исто така беше оценето дека не се поткрепени со докази, како и на Демократи, на СДУ, на Интегра, МОРО Работничка партија и на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Оливер Дерковски на крајот истакна дека во текот на изборниот процес ДИК се соочиле со низа лага, клевети и лажни вести се изнесувани преку Фејсбук од страна на политичарите кои учествуваа во изборниот процес. На крајот ги демантираше сите такви тврдења изнесени на социјалните мрежи.

Како неосновани, едногласно беа одбиени и приговорите поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Борис Кондарко говорејќи по поднесените приговори на политичките партии, нагласи дека ДИК согласно закон ги објавува резултатите од гласањето, дадената волја на граѓаните, утврдена, избројана и евидентирана на избирачките места.

Мирниот тек на седницата го наруши кавгата помеѓу Јанко Бачев, лидерот на „Единствена Македонија“ и претседателот НА ДИК, а потоа и со навредливи зборови кон членот на ДИК Елизабета Постоловска по што беше замолен да ја напушти седницата.

Сите партии имаат право во рок од 24 часа да се жалат пред Управниот суд. На предвремените парламентарни избори на 15 јули, СДСМ и коалицијата освоија 46 пратенички мандати, два повеќе од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. ДУИ освои 15, АА 12, Левица 2 и ДПА 1.