Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се забележува промена во поделбата на обврските во бракот со текот на времето. Пример: како ги делеле обврските нашите баба и дедо, како нашите родители, а како ние денес. Иако временската разлика не е преголема, поделбата на обврските еволуирала и се менувала.
Некогаш улогите и обврските во бракот биле многу едноставни. Мажот бил глава на семејството, па затоа морал и да го одржува. Тој заработувал и бил задолжен за обезбедување основни ресурси за преживување. Додека пак улогата на жената била во насока на извршување на обврски во домот, грижа околу децата, како фигура која го воспитува и подучува детето.
Општествената еволуција води и кон еволуција на бракот и семејството. Мажот повторно може да биде носител на материјални средства во домот, но и жената е вклучена на пазарот на трудот. Жените успеваат да се изборат за своите права. успеваат да докажат дека се способни да го одржуваат домот од внатре, да бидат домаќинки, но и дека се успешни и надвор од домот, дека можат да заработуваат и финансиски да придонесуваат за семејството. Сега обврските на партнерите околу домот и улогите кои ги имаат во него се изедначуваат бидејќи и двајцата можат да заработуваат за семејството и да се грижат да го одржуваат домот.
Aко порано било обврска на жената да го зготви ручекот, да jа постави масата, да се грижи за мажот, со текот на времето тоа се менува и ваквата поделеност се губи. Откако и жената е присутна во jавната сфера, обврските околу домот се менуваат така што и мажот успева да се грижи за домот и да ги воспитува децата.
Кога зборуваме за обврските и улогите во бракот кои се среќаваат денес ќе се соочиме со недефинираност во однос на строгата дефинираност во минатото. Партнерите кои стапуваат во брак во денешното модерно општество и формираат семеjство се соочуваат исто така и со глобализациjата коа влиjае како на општествените промени, па така и на семеjството и семеjните обврски.
Обврската и улогата на мажот во домот може да jа дефинираме преку голем броj на примери од секоjдневието и заклучуваме дека таа е видно променета. Мажот има право да се оствари професионално исто онолку колку што има право и жената, но исто така битна е неговата улога во семеjството исто колку што е битна и улогата на жената. Така што и тоj ги извршува обврските во домот и поминува многу повеќе време со децата отколку порано.
Жените имаат право на кариера и лично остварување исто колку и мажите, жените имаат голема слобода да учествуваат во донесување на одлуки во бракот и семеjството. Правото на репродуктивна слобода придонесува кон ослободување на жената од домот. Семеjните обврски кои некогаш биле строго поделени, не се и денес. Дваjцата партнери учествуваат подеднакво во домот и меѓусебно се почитуваат. Воспитувањето и времето поминато со своите деца е подеднакво важно и суштински елемент за децата да растат во едно здраво семеjство.
Извадок од списанието VOX
ФИЛИП АРСОВСКИ
ИЛИНА ЈАКОВЧЕВСКА
Институт за семејни студии