Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
На вчерашното, прво постизборно обраќање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со тврдењето дека резултатите покажале дека опозицијата освоила повеќе гласови од власта и дека победиле во 41 општина.
„ВМРО-ДПМНЕ на овие избори го победи СДСМ. Има повеќе мандати од СДСМ ако се смета без Беса. Победивме во Скопје, Бутел, Ѓорче Петров, Карбинци, Виница, Кратово, Зелениково, Македонска Каменица, Свети Николе, Штип… Резултатите се постигнати во тешки околности, со многу нерегуларности“, рече Мицкоски.
Според него, сомнително се броени и внесувани податоците од гласањето, но тој нема да бара одговорност од претседателот на ДИК, Оливер Деркоски за она што се случува во Комисијата.
„ВМРО-ДПМНЕ има најголем кредибилитет да се бори за состав на новата влада. Јас сум оптимист. Алтернативата е Заев и продолжување на агонијата. Тоа е тешка битка, но заедно со вас ќе победиме“, рече Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека имале гласови и во албански средини како Липково, Арачиново, Долнени и повтори дека СДСМ и Беса имаат десетина илјади гласови повеќе од ВМРО-ДПМНЕ, ама СДСМ без Bеса има помалку.
На прашањето околу преговорите со партии на Албанците, рече дека преговорите допрва почнуваат, но тој под услови и диктати не работел. Исто така додаде дека, предизборна коалиција со партија на Албанците не направиле, но тоа не значи дека нема да има постизборна коалиција.
Мицкоски најави и повеќе приговори на резултатите од гласањето.