Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на политичката партија Левица, која од денеска е парламентарна партија со два пратенички мандати, обвинува дека на неговата партија ѝ се украдени три пратенички места.
Според резултатите од Државната изборна комисија Левица освои две пратенички места и тоа од изборните единици 1 и 3.
„Искрадени сме од Ново Село, до Кисела Вода – на велико! По 30-40 гласа по изборно место. Наши членови од Карпош кои гласале со цели семејства, на резултатите има 0 гласови!?
Тројца пратеници ни крадат у моментов. Луѓе ова е досега НЕВИДЕН ИЗБОРЕН ГРАБЕЖ!!! Ова нема така да помине!“, напиша професорот Апасиев на својот Facebook профил.
Апасиев се буни и за тоа што рокот за поднесување приговоро во ДИК тече, а не му дозволуваат увид во записниците за да може да види каде има неправилности и да поднесе приговор. Веб-страницата на ДИК со резултати и натаму не работи, па не може ни да се направи споредба на записниците со она што е внесено електронски.
„Видете ја ПЕРВЕРЗИЈАТА на изборната кражба… Имаш рок од 24 или 48 часа за приговор, ама не ти даваат увид во записниците!? А и ако ти дадат, немаш како да ги споредиш дали бројот на гласови од хартиениот записник е ист со електронски внесените податоци – за да приговараш!?“, напиша тој.