Се запали возило на гостиварската изборна комисија со избирачкиот материјал во него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес, во раните утрински часови, од засега офирцијално непознати причини, избило пожар во возило на гостиварската Изборна комисија. Во возилото се наоѓал изборниот материјал од гласањето во Општина Гостивар што комисијата го носела во ДИК. Во инцидентот нема повредени лица, а, како што соопшти полицијата, не бил оштетен ниту избирачкиот материјал, пренесува СДК.

„Денеска во 4 часот и 30 минути, во СВР Тетово e пријавено дека моторно возило ‘форд транзит‘ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Додека возилото се движело кон Тетово, возачот забележал чад кој излегувал од кај моторот. Веднаш го сопрел возилото во близина на тетовската наплатна рампа, а петтемина членови на комисијата излегле од возилото. Од безбедносни причини, возачот не сакал да го продолжи возењето, туку било повикано друго возило.