„Досте е!“ – мирен протест на матичните лекари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Незадоволни, како што велат, од игнорантскиот однос на Владата, денес матичните лекари во Македонија излегоа на мирен поличасовен протест, секој пред својата ординација.

Со получасовен молк, го искажаа револтот поради тоа што сами набавуваат заштитна опрема како маски, ракавици и дезинфициенси и ги обвинија здравствените власти за игнорантски однос кон нив. Во соопштението за протестот тие наведоа и пет барања.

Паузата за ручек од половина час матичните доктори ја искористија да го изразат својот револт од како што велат скандалозниот игнорантски однос на надлежните. Облечени во заштитна опрема и маски, докторите преку денешниот молк испратија порака оти без нивната грижа за пациентите здравствениот систем веднаш ќе колабира. Велат, своите барања јавно ќе ги кажат веднаш по формирањето на новите државни институции.

Протестот велат е симболичен – во време на молк, со молчење да испратат порака оти тие се клучната алка во борбата со корона вирусот, но сепак останаа заборавени.

Докторите кои четири месеци сами се снаоѓаа за заштитна опрема и маски, бараат итна помош од државата. Велат неопходно е нивни претставник да влезе во Комисијата за заразни болести, но и можност да упатуваат пациенти на тестирање според нивна проценка, а не по комплицираниот алгоритам.

Aлармираат оти бројот на матични доктори се тенчи, многумина велат се пред пензионирање, а младите медицинари биле незаинтересирани да ги преземат ординациите, оти гледале како нивните постари колеги се соочуваат со низа проблеми. Затоа бараат, ангажирање на помлади колеги кои би можеле веднаш да се вклучат во системот.